Tuesday, 15 October 2013

Познати поети на балади

Ако сакате да дознаете повеќе за баладите и за поетите на баладите, дојдовте на вистинското место.



Коста Солев Рацин (1908 – 1943 Велес, 22 декември) бил македонски книжевен деец и комунистички активист, најпознат по својата поезија. е една од најистакнатите интелектуалци што ги дала Македонија во периодот помеѓу двете светски војни, но и воопшто. Најпознат е по својата збирка песни „Бели мугри“, поради која се смета за основоположник на современата македонската литература, но Рацин беше многу повеќе од само наш најдобар поет помеѓу двете светски војни - неговата активност како истакнат работнички и комунистички деец обично се потиснува во втор план, но сликата на Рацин без овој елемент не соодветствува на реалноста.
Покрај тоа што се занимаваше со поезија, Рацин има напишано и прозни и теоретски трудови. Неговите написи за богомилите, за Хегел и за феминизмот претставуваат ремек дела за тогашната македонска комунистичка и напредна сцена. Тој целосно беше над карактеристичниот „комунистички стил на теоретизирање“ препознатлив преку тирадите со безбројни етикетирања и апотеози на лидерите, нешто што во Македонија и многу подоцна беше вистинска реткост. Во иста насока е и следниов став на Блаже Конески: „Во Рацин имаме најиздигнат македонски народен интелектуалец од неговото време, најкултурен наш човек. Тоа што го рекол и како го кажал Рацин за богомилите не можеше да го постигне тогаш ниеден друг македонски интелектуалец. Чест му чини на Рацин дека тој од обичен работник - грнчар со упорно самообразование се издигна така високо.“


Киниса моме на вода;
темни ми магли паднаја;
моме патишта загреши,
фатило моме планина,
кај Димковото бачило.

Димко си стадо молзеше;
Димко си вели говори:
-Што е ова добро до мене,
дал да го речам за либе,
дал да го речам за сестра!
Кога ми рече за либе,
тешки камења паднаја,
крвава роса зароси;
кога ми рече за сестра,
ситна ми роса зароси,
летно ми сонце угреа!


(Дали приметивте нешто? Намерно ја ставивме за да ве збуни, да видите каде грешите. Всушност, оваа песна не е лирско епска песна. Ова може да биде пример, за да не ги мешаме лирско епските, лирските, и епските песни. Оваа песна е лирска).

Повеќе за ова, за скоро време.

Нешто за баладите..

Зборот балада доаѓа од зборот balere што значи игра. Потекнува од народната книжевност. Во времето кога таа настанала претставувала песна за игра. Дејството е драмски напнато и со драмски пресврти. Нејзината содржина до XV век била лирска. Во народните балади темата е трагична љубов на двајца млади кој на крајот несреќно завршуваат. Се мисли дека баладата се појавила на југот во Франција и дека таму била весела песна.

Имала мајка

Имала мајка, имала
до девет сина убави,
десетти грозен Ѓорѓија,
Ѓорѓија беше болничав.
Мајка на Ѓорѓи велеше
- Мани се Ѓорѓи од дома
оди по гори планини
да не ми ругаш синови,
да не ми глотиш дворови
и високите сараи.
Ѓорѓи на мајка збореше
и дробни солзи ронеше:
- Оф, леле, стара мајчице,
нели сум уште малечко?
пусти патишта ќе згрешам
во гора ќе се изгубам
ѕверови ќе ме изедат
без мене мале ќ
e останеш!
Мајка на Ѓорѓи говори:
- Мани се, Ѓорѓи од дома,
мани се грозно глупаво!
Mани се да те не гледам
више те мајка не сака!
Виде не виде Ѓорѓија
дека го мајка не сака,
па си ја мајка замоли:
- Дај ми ги мајко пљачките:
крпено и некрпено,
опрано и неопрано
татко ми што ми кроеше,
татко ми што ми шиеше,
за убав бел ден Велигден!
Мајка му пљачки исфрли
Ѓорѓија ми го избрка
од родна куќа убава.
Пред да си Ѓорѓи замине
луто ја мајка проколна:
-Оф, леле, стара мајчице
од родна куќа излагам
клетвава да те достаса:
црната чума да влезе,
сараи да ти побута,
дворои да ти запусти
синои да ти потепа,
сама ти мале д останеш
и за Ѓорѓија да кукаш!
Замина Ѓорѓи отиде
во тие пусти планини.
Стегнал си долу селата,
се главил Ѓорѓи овчарче,
овчарче мало чобанче.
Слугувал што ми слугувал,
слугувал девет години.
Печалил Ѓорѓи спечалил
до триста овци јагниња.
Станал си Ѓорѓи постанал,
постанал голем чорбаџи.
Еднаш се Ѓорѓи нажалил
за своја стара мајчица,
за девет браќа убави
и високите сараи.
Собрал ми Ѓорѓи овците
кинисал, па ми пристигнал
во својата куќа роѓена.
Кога ми дома пристигнал,
мајка пред порти седеше,
и за Ѓорѓија кукаше,
кукаше на глас плачеше.
Ѓорѓи на мајка велеше:
- Оф, леле, стара мајчице
имаш ли конак за мене
ноќеска да си преноќам,
а утре ќе си заминам.
Мајка го Ѓорѓи не позна
и жално нему говори:
- Оф, леле, синко делија
имав конаци високи
и големи дворој широки!
И девет синој убави
десетти беше Ѓорѓија.
Ѓорѓи ми беше најгрдо .
Јас си на Бога погрешив,
Ѓорѓија си го испадив,
од своја куќа роѓена.
Кога го Ѓорѓи испадив,
луто ме мене проколна
пуста ме клетва достаса.
Каде е сега Ѓорѓија
да си го мајка прегрне,
да си го мајка целива.
Ѓорѓи на мајка велеше:
- Јас сум ти мајко, Ѓорѓија,
Ѓорѓија мајко, најгрозен,
најгрозен мајко, болничав.
Тогаш го мајка прегрна,
прегрна жално целивна,
цркна си мајка од жалост
падна на земја пред него..
(народна балада)
 

 

Откако Ленка остави
кошула тенка ленена
недовезена на разбој
и на наломи отиде
тутун да реди в монопол -
лицето и се измени
веѓи паднаја надолу
и усти свиа кораво.

Не беше Ленка родена
за тиа пусти тутуни!
Тутуни - жлти отрови
за гради - китки розови.

Прва година помина
грутка в срцето и легна,
втора година намина
болест ја в гради искина.
Трета година земјата,
на Ленка покри снагата.

И ноќе кога месечко
гроб и со свила виеше
ветерчок тихо над неа
жална и тага рееше:
„Зошто ми, зошто остана
кошула недоткаена?
Кошула беше дарована...“


ПРОШТАВАЊЕ


На печалбарите



Не ли ти кажав, не ли ти кажав,
не ли ти реков на проштавање?
Ич не ме чекај, ич не ме пекај
Белград е ламња, во Белград ја роб,
снага по туѓи палати оставам,
снага во усти несити клавам,
и дома - дома не ќе се вратам,
не ќе ги пијам очите твои
не ќе ја галам снагата твоја -
далеку негде сувата рака
по тебе, Вело, пустата мака
пуста ќе остане...

Знам оти ѓердан веќе не нижеш,
знам оти чеиз и ти не везеш,
знам, Вело, пусто остана сичко -
не ли си и ти аргатка клета?
Тутуни садиш, тутуни нижеш,
тутун таговно у монопол редиш,
ме споменуваш и ем си жалиш
денови - крепи тешки си редиш —
Величко, мори, другачко златна!

Но почуј, Вело, што ќе ти кажам!
Не ми се, Вело, жали и клети!
Подигни очи - очи засвети
онија очи, што душа горат!
Тој што ни, Вело, однесе сичко —
тој ни остави од темно темен
веков за мака - но и за борба.
Има на вој свет како нас многу!

Има ги, има - мачат се, копат,
копачи копат по темнината,
копачи копат и тунел дупат.

И има, има - радост голема
радост длабока во темнината:
да светиш, Вело, жар да се стопиш
во борба гроб ти душа не зема!


Тие песни во нас, исто така, будат длабоки чувства преку раскажувањето и преку бројните поетски слики. Поради трагичните настани за кои се пее во овој вид песни, предизвикуваат длабоки чувства кај луѓето. Лирско-епските песни кои завршуваат трагично (смрт на главните ликови)се викаат балади. Баладите можат да бидат народни и уметнички. Баладите почнуваат со епски елементи, но поважен е нивниот лирски впечаток. Меѓу уметничките и народните балади се воочуваат некои разлики, но главните осбености им се слични: трагичен крај, динамично дејство, тешка и мрачна атмосфера. Балада е лирско-епска песна во која се пее за страдања и несреќи.Интонацијата е тажна,проткаена со внатрешно нерасположение и има трагичен крај.



БАЛАДА ЗА НЕПОЗНАТИОТ



Натаму - в поле битолско
чемрее врба проклета -
под врбата незнаен гроб,
в гроб лежи војник непознат.

Лежи од војна световна,
лежи — и веќе земјосал —
силно го тага изела
задека тука загинал.

Никој крај него немаше -
вишното небе врз него,
земјата скришна под него,
над гробот врба стушена.

А таде - в гори зелени
в сума гробишта лежеа
делии - одбор јунаци
за татковина паднати.

В полноќ се над ним дрвјата
од жалба силна свиваа -
горските бистри езерца
в силна светлина светеа.

И од ним - самовилите
една по една идеа -
од гроб до гроб го дигаа
јунак до јунак - на оро.

И кога сите минеа
покрај врбата стушена -
делии се запираа
незнаен брат си викаа:

„Ја стани, море јабанец
на оро со самовили!
Зора се зори - петлите
скоро ќе в село пропеат!"

А тој од гробот тепкаше
дума врз дума чемерна: -
„Минете, браќа, врвете,
не сум ви лика - прилика!

Кој умрел за татковина
и за човечки правдини -
каде вас, братко, не гинел,
со вас до векот живеел.

Вие му песна пеете,
вие го с песна жалите -
така се сите раѓате
и така си умирате!

А тука - зошто паднав ја?
зошто ме куршум прониза,
зошто ме земја притисна -
за кого лудо загинав?

Кажете, браќа, кажете,
кажете - па поминете -
мене ме ништо не дига,
мојата смрт е - карасмрт!"

Делии глави веднеа,
немеа самовилите -
тешко на тија, горко им
така што гинат на војна!

Немеа - туку петлите
в селото веднаш писнаа -
самовилите в горите
с делии в раци лиснаа!

Пусто остана полето,
пусто зазори зората -
чемрее в поле врбата,
чемрее - тажи непознат.
  



УТРОТО НАД НАС




Од далечнините модри се веат
на с'лнцето златните далги,
од далечнините модри се леат
на утринта росните влаги.

По долги, меки ширини рамни
магла се танка крева
и по селата мали - заспали
шумоли скришно врева.

Шумоли - в срце тага налева
за црноземните робја,
шумоли скришно за мртви поља
за села и градови - гробја.

Ех, тија долги ширини рамни!
Ех, таја мака пуста!
Мртви и темни сурови гламњи
скршена гранка маслинка!

По тија пот се човечка дими
и снага крвава цвили,
по тија радост никога нема
а с'лнце радосно има!

Но тија росни утрини пресни
копнат во гради и тлеат.
Копнат и како бура пеат
и како огин палат.





ТАТУНЧО


На Бана



Не ме колни, не ме жали!
Не ми нижи низа клетви!
Камен тежок живот ми е
а по тежок одзив пусти
по народни думи свети!

Ако куќа не направив
со високи шимпир порти,
куќа цел свет братски ми е
братски срце што отвора,
срце - порта највисока,
срце - куќа најширока.

Ако жена не донесов
ѓул-трендафил во одаја
верна, добра млада љуба -
не ме к'лни, не ме жали;
во борбата другарката
с'лнце сјае, с'лнце трепти!

Ако млади си години
по друмишта, по патишта
в младост горка распосејав -
погледни ми право в очи:
ти ли беше што пееше
„Ајдутин мајка не рани..."

И ако не умрам дома
туку кај што стии пиштат
в борба искри кај што л'штат
блазе, речи на душата -
има зошто душа да е!


Една молба до вас: Ве молиме дадете коментар, за да направиме промени. Ви благодариме однапред :)