Tuesday, 15 October 2013

Познати поети на балади

Ако сакате да дознаете повеќе за баладите и за поетите на баладите, дојдовте на вистинското место.



Коста Солев Рацин (1908 – 1943 Велес, 22 декември) бил македонски книжевен деец и комунистички активист, најпознат по својата поезија. е една од најистакнатите интелектуалци што ги дала Македонија во периодот помеѓу двете светски војни, но и воопшто. Најпознат е по својата збирка песни „Бели мугри“, поради која се смета за основоположник на современата македонската литература, но Рацин беше многу повеќе од само наш најдобар поет помеѓу двете светски војни - неговата активност како истакнат работнички и комунистички деец обично се потиснува во втор план, но сликата на Рацин без овој елемент не соодветствува на реалноста.
Покрај тоа што се занимаваше со поезија, Рацин има напишано и прозни и теоретски трудови. Неговите написи за богомилите, за Хегел и за феминизмот претставуваат ремек дела за тогашната македонска комунистичка и напредна сцена. Тој целосно беше над карактеристичниот „комунистички стил на теоретизирање“ препознатлив преку тирадите со безбројни етикетирања и апотеози на лидерите, нешто што во Македонија и многу подоцна беше вистинска реткост. Во иста насока е и следниов став на Блаже Конески: „Во Рацин имаме најиздигнат македонски народен интелектуалец од неговото време, најкултурен наш човек. Тоа што го рекол и како го кажал Рацин за богомилите не можеше да го постигне тогаш ниеден друг македонски интелектуалец. Чест му чини на Рацин дека тој од обичен работник - грнчар со упорно самообразование се издигна така високо.“


Киниса моме на вода;
темни ми магли паднаја;
моме патишта загреши,
фатило моме планина,
кај Димковото бачило.

Димко си стадо молзеше;
Димко си вели говори:
-Што е ова добро до мене,
дал да го речам за либе,
дал да го речам за сестра!
Кога ми рече за либе,
тешки камења паднаја,
крвава роса зароси;
кога ми рече за сестра,
ситна ми роса зароси,
летно ми сонце угреа!


(Дали приметивте нешто? Намерно ја ставивме за да ве збуни, да видите каде грешите. Всушност, оваа песна не е лирско епска песна. Ова може да биде пример, за да не ги мешаме лирско епските, лирските, и епските песни. Оваа песна е лирска).

Повеќе за ова, за скоро време.

No comments:

Post a Comment